Ракометарките на Вардар се закитија и со последниот шампионски трофеј како дел од овој мега-проект, откако доминацијата на домашната сцена ја комплетираа со убедлива победа над ЖРК Металург од 49-24.
Броејќи ги последните денови во Скопје, главните ѕвезди на „црвено-црните“ воопшто не настапија на денешниот дуел, на кој Вардар се појави со вкупно девет ракометарки, предводени од Ина Суслина за која ова беше последен натпревар во фантастичната кариера.
Македонките беа во главна улога на денешниот натпревар, па така Керамичиева постигна 12 погодоци, еден повеќе од Сара Ристовска и од Јована Саздовска.
Како што е добро познато, управата на Вардар на крајот од сезонава ќе го распушти целокупниот прв тим, речиси сите ракометарки веќе си најдоа ангажмани, а „црвено-црните“ од наредната сезона ќе настапуваат со играчи од младинскиот погон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА