Женската ракометна екипа на Вардар имаше успешен камбек на европската сцена откако „црвено-црните“ на премиерниот меч од ЕХФ Лигата на Европа на гостински терен ја совладаа Приштина со 35-39.
Избраничките на Индира Кастратовиќ одиграа беспрекорен офанзивен натпревар, токму благодарение на ефикасниот напад стигнувајќи до победата. Резултатот на полувреме гласеше 15-16, за потоа на самиот старто од второто полувреме „вардарки“ да поведат со 15-19 и да го контролираат водството до самиот крај.
Трпевска, Диневска и Дамјановска беа најзаслужни за победата постигнувајќи по седум погодоци за „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА