Одбојкарките на Вардар се максимално мотивирани пред вечерашниот дуел (20 часот) против екипата на Нитра, прв европски натпревар на една женска одбојкарска екипа од Македонија по долга, долга пауза. „Црвено-црните“ без борба ја минаа првата пречка во Челинџ-купот на ЦЕВ поради откажувањето на Хаменлина од Финска, а денеска на неутрален терен во Унгарија ќе се обидат да стигнат до триумф против силниот ривал од Словачка.
„Вардарки“ ќе бидат ослабени на овој дуел бидејќи поради проблеми со визите интернационалките од Куба и од Казахстан не можеа да отпатуваат со остатокот од тимот. Сепак, и со ослабен состав македонскиот клуб ќе стори се за што подобро да ја претстави мак-одбојката на меѓународната цена.
„После многу години имаме шанса да се претставиме и на европско тло. Женската обојка е секако доста маргинализирана, овој настап е можеби само еден мал чекор напред, но за мене и за помладите одбојкарки од нашиот тим се надевам дека ќе биде убаво исксутво. Немаме што да загубиме, вистина е дека сме само десет девојки, без нашите странски засилувања. Со нив ќе бевме комплетни и ќе имавме простор за рокади во тимот доколку имаше потреба, а со тоа верувам дека ќе прикажвме и подобра игра. Сепак, сите што сме дојдени овде сакаме да се претставиме во најдобро светло, да влеземе сконцентрирани на теерн и да ги примениме советите на нашите тренери. Меѓу нас владее позитивна енергија и верувам дека ќе одиграме борбено и без оптоварување за резултатот“, изјави најдобрата одбојкарка на ЖОК Вардар, либерото Емилија Попјордановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА