Надмоќта на Вардар на македоската ракометна сцена трае неколку години наназад, па затоа неслучајно е продолжувањето на доминацијата на „црвено-црните“ во Купот на Македонија, натпреварување во кое „вардарци“ денеска во Битола стигнаа до својот 12. пехар во клупската историја.
Потешкиот дел од задачата беше завршен синоќа против Металург, па избраниците на Раул Гонзалес попладнево рутински си ја одработеа задача против Работник. Битолскиот клуб веќе испиша историја со самиот пласман во финалето, се прикажа во солидно светело против фаворитот, но избраниците на Бошковски и покрај потенцијалот реално не поседуваат квалитет за да го земат скалпот на еден Ф4 учесник на ЛШ како што е Вардар.
[new_royalslider id=”651″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА