Финалниот турнир во Евролигата следната година ќе се игра во германскиот Келн. Ф4 турнирот во најпрестижното европско кошарско натпреварување на програмата ќе биде од 22 до 24 мај, а домаќин ќе биде легендарната „Ланксес арена“ која е традиционален домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.
„Горди сме што следната година турнирот ќе се игра во Келн. По Прага 2006, Париз 2010 и Лондон 2013 година, повторно одбравме локација на која до сега не се одржувал Ф4 турнир“, изјави првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.
Досега завршницата на елитното натпреварување двапати се играла во Германија, но во Берлин (2009 и 2016) година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА