Вардаровиот напаѓач, Азер Омерагиќ е “мета” на Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички тргнува по потписот на напаѓачот на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Азер Омерагиќ.

Од таборот на херојот од „Дебар маало“, како што дознаваме, сметаат дека поранешниот младински репрезентативец на Македонија е идеално засилување за ново-креираниот состав на “романтичарите”, кои посакуваат квалитетен настап летово во квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

22-годишниот Омерагиќ имаше квалитетна полусезона во дресот на Вардар доаѓајќи со „црвено-црните“ и до титулата во националниот куп, а во домашниот шампионат 14 меча во низа без пораз, предводејќи и како капитен на тимот.

Работнички, како што е познато, претходно ги продолжи договорите со Бесир Демири и со Ермедин Адем. Од таборот на тимот од Градски парк најавуваат уште неколку засилувања летово за што поуспешен настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...