Откако Шкупи поведе во дуелот со Вардар со гол на Бесар Гуџуфи, уште едно вардарово дете постигнува гол за чаирскиот тим и носи 2-0. Станува збор за Џемал Ибиши, кој во 55. минута успеа од пенал да го совлада Гачевски, и да го израдува Шкупи.
Пеналот беше направен по еден старт на вардаровиот одбранбен играч, и така Гуџуфи успеа да погоди во долниот десен агол. Шкупи има победа во џеб, но напаѓа да постигне и трет гол, додека кај Вардар се гледа немоќ на ова тешко гостување.
Гуџуфи и Ибиши ги минаа младинските категории во Вардар, а потоа преку неколку клуба стигнаа летово во Шкупи и му пресудуваат на својот некогашен тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА