Вардаровите фудбалери на почетокот од денешниот натпревар против Тетекс во 23. коло од Втората лига – Запад кој се игра на теренот на ФФМ искажаа револт кон судењето демонстрирано оваа сезона на нивните натпревари.
Во знак на протест против судиските одлуки, „вардарци“ по означениот почеток на денешниот дуел со Тетекс седнаа на терен искажувајќи едноминутен револт. Противничките фудбалери, запознаени пред натпреварот со овој потег на противникот, очекуваа да заврши симболичниот протест за да продолжи натпреварот.
„Вардарци“ искажаа жесток револт по минатото коло кога беа очигледно судиски оштетени на гостувањето против Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА