Вардарски се откажа од Третата фудбалска лига – исток

На последниот состанок во Кочани, на кој присуствуваа претставници на сите клубови кои ќе играат во новото првенство на Третата фудбалска лига на Македонија, група исток, беше донесена одлука есенското првенство да започне на 7 септември. Поради локалните избори, седмото коло наместо на 19, ќе се одигра на 23 октомври. На состанокот беше извршена и ждрепка за  натпреварите во сезоната 2025/26 година.

Во првото коло  на 7 септември се среќаваат: Ударник /­Пирава/ – Брегалница /Делчево/, Светлост /Зрновце/ – Карбинци, Овче Поле /Свети  Николе/ -Тиверија /Струмица/, Рудар /Пробиштип/ – Малеш /Берово/, Дојранско Езеро – Хоризонт /Турново/. Победа од Валандово е слободна, која по подолго време се активира и повторно ќе игра во лигата, заедно со Рудар од Пробиштип, кој минатата сезона не играше во лигата.

Третата лига исток ќе стартува со 11 клуба бидејќи во последен момент повратникот од Втората лига Вардарски од Богданци го откажа учеството поради многуте нерасчистени односи во клубот кои тлееја подолго време што придонесе да испадне од Втората лига, иако беше клуб со богата фудбалска историја и едно време со голем успех играше во Првата лига на Македонија. Вардарски  во моментот остана и без играчи, повеќето од нив заминаа во другите клубови и најверојатно нема да настапува и во Општинска лига на Гевгелија.  Освен тоа, само за  една година  смени пет тренери почнујвајќи од  Васе  Беќаров, Ѓоре Јовановски, Трајче Ников, Ставре Ташев па се до Бојан Захариев. И тоа е едена од причините за овој дебакл на фудбалот во Богданци.

М.М

Се вчитува...