ЕКИПА во Сан Марино,
Горан Бошев
Одлична е атмосферата во таборот на Вардар по онаа рутинска победа од 3-0 над Ла Фиорита, но „црвено-црните“ се решени да одиграат максимално ангажирано и на реваншот во Сан Марино.
Свесни дека секое опуштање во модерниот фудбал може скапо да биде платено, „вардарци“ ќе сторат се за да стигнат и до втор триумф над истиот противник.
„Фокусирани сме на реваншот како да е 0-0, и да ги завршиме и не мислиме на другото коло. Поквалитетни сме од нив и треба да дадеме максимум. Но нема лесни противници и ако сме 100 проценти мислам ќе немаме проблем. Одиме да го потврдиме добриот резултат од првиот меч“, истакна Мислав Матиќ.
Идентичен е и ставот на Давор Талески, кој јасно стави до знаење дека Вардар не гледа однапред кон следната фаза, туку е фокусиран само на реваншот в четврток.
„Дојдовме тука и максимално сме фокусирани и се подготвуваме како да е ова прв натпревар. Првиот меч е мотив плус за вториот. Ова е европски мечеви не смееме да си дозволиме да мислиме за следни мечеви. Најважен меч е Ла Фиорита и ќе дадеме 100 проценти“, изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

