Вардарци ги почнаа подготовките и порачаа: „Купи си сезонски билет“

Фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб Вардар официјално ги започна подготовките за наредната сезона.

Шефот на стручниот штаб Бобан Грнчаров ги стартуваше подготовките со фудбалерите, со кои заедно им порачаа на сите љубители на Вардар да купат сезонски билети за новата сезона.

„Денеска, симболично ја најавуваме и големата акција за купување на сезонски билет, за домашните натпревари кои клубот ќе ги одигра на Градскиот стадион во Скопје.Цената на сезонскиот билет ќе изнесува симболични 1000 денари. Ги повикуваме сите Вардарци, навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб, да бидат спремни зошто акцијата започнува многу брзо. Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот. Време е народот, кој во моментов преку навивачите е единствен сопственик на клубот, да си го каже своето. Од борбата за Вардар нема откажување. Полниот стадион на првиот домашен натпревар, нека биде јасна порака, дека Вардар ќе живее! НАВИВАМЕ ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!“, порачаа од клубот. 

Се вчитува...