Вардарци ги заокружуваат подготовките во Анталија и се враќаат во Скопје

Македонскиот првак Вардар ги заокружи 20-дневните зимските подготовки во Анталија. Тимот денеска го одработи последниот тренинг во турскиот туристички центар и попладнево се враќа во Скопје. Тренерот Чедомир Јаневски ги подели во две групи, оние кои вчера настапија на натпреварот со Дукла, тренираа во сала за кревање товар, додека останатите ја имаа последната подготовка во Анталија на терен.

Експедицијата на „црвено-црните“ денеска попладне се враќа во Скопје, со лет од Анталија преку Истанбул.

„Црвено-црните“ имаа вкупно шест теста во Турција, победија на три, еднаш ремизираа, а загубија на два пријателски натпревари. Заедно со тимот во Скопје ќе допатува и камерунскиот интернационалец Кларенс Жуниор Битанг, кој доколку ги мине успешно медицинските прегледи се очекува да потпише договор.

Се вчитува...