Ракометниот клуб Вардар се наоѓа во Магдебург, Германија каде утре и задутре ги очекуваат настапи во „Хумел Купот“ каде силите ќе си ги одмерат со Холстебро, домаќинот Магдебург или Горење.
Првиот меч за избраниците на Веселин Вујовиќ е утре против Холстебро од 16 часот како дел од првото полувреме, а од 19 часот силите ќе си ги одмерат Горење и Магдебург. Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од финалето и мечот за третото место.
Овој турнир за Вардар ќе служи како последна подготовка за престојата сезона која „црвено-црните“ ја започнуваат со четвртфиналниот дуел од СЕХА лигата против Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

