Во пријателски натпревар одигран денеска во Велес, старо-новиот шампион Вардар го совлада тимот на Борец, кој обезбеди пласман во Втората лига следната сезона, со резултат 5-0.
Два гола за „црвено-црните“ постигна младинскиот репрезентативец Петар Петковски, а по еднаш во мрежата стрелаа Благоја Љамчевски, Виктор Димков и Џонатан Боарето.
Вардарци го почнаа натпреварот во следниот состав: Алексовски, Грозданоски, Попов, Велковски, Глишиќ, Спировски, Фелипе, Џигаури, Љамчевски, Димков, Петковски. Во второто полувреме во игра влегоа младиот голман Димевски, потоа Којашевиќ, Блажевски, Боарето, Демири, Глигоров, Брдаровски, Николов и Барсегјан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА