Пријатно време и одличен терен на „Сведбанк“ стадионот вечерва ги пречека „вардарци“ на официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Малме.
Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски им ја „сервираше“ последната подготовка на своите избраници пред утрешниот меч кој почнува во 19 часот. Седлоски ќе може да смета на сите расположиви сили кои отпатуваа за Малме. Како што е познато, поради повреди во Скопје останаа Дарко Велковски и Џамбул Џигаури.
Утрешниот натпревар ќе биде прв официјален меч против Малме на Вардар во историјата. Двете екипи досега имаат една меѓусебна пријателска средба во далечната 1952 година, кога Вардар славеше со 3-1 во натпревар одигран во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА