Вардарци ќе немаат никаков притисок: Трибините во Сан Марино ќе бидат празни

ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев

Сан Марино, мала земја во срцето на Апенините, која е независна од Италија, и во која Вардар во четврток со почеток во 21:00 часот ќе го одигра реванш мечот против Ла Фиорита во рамките од 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Ла Фиорита ги пушти билетите во продажба по цена од 10 евра, но не се очекува голема посета. Не се очекуваат повеќе од 500 гледачи на трибините, со оглед на предноста на Вардар и неатрактивноста на оваа мала земја за фудбалот. Само за споредба, лани на мечот со Башакшехир во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции, на стадионот биле присутни само 270 гледачи.

Земјата има нешто повеќе од 33.000 жители, важи за една од најслабите на фудбалски план, кога се победува тоа се слави како да се освоено Светско првенство.

Сан Марино Стадион на кој ќе се игра мечот е со капацитет од 4.798 места. Таму игра и националниот тим на оваа земја, и Вардар го очекува еден вид „пријателски“ меч без никаков притисок од трибините, и само треба да се заврши задачата и да се оди на второто коло каде „Вардарци“ ги очекуваат дуел со швајцарска Лозана.

Се вчитува...