„Вардарци“ ќе поделат премија од 100.000 евра ако ја минат Лозана

Раководството на ФК Вардар донесе одлука да додели премија од 100.000 евра за фудбалерите и стручниот штаб доколку „црвено-црните“ го поминат второто квалификациско коло во Лигата на конференциите на УЕФА, против швајцарскиот претставник Лозана.

„Финансискиот стимул треба да биде дополнителен мотив за екипата, која подели 50.000 евра за успешно поминатото прво квалификациско коло“ – информираат од ФК Вардар.

Швајцарскиот претставник, минатата сезона беше, како и Вардар, петтопласиран во домашното првенство. Првиот натпревар од двомечот во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА се игра на 24. јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 31. јули во Лозана.

Се вчитува...