Вардар уште еднаш со победнички пехар, среќен 13-ти за „црвено-црните“ во Купот на Македонија. Во скопското финале среде Битола, со битолски судии и полупразни трибини во салата „Младост“, вардарци ја прославија третата титула сезонава. И без неколку играчи од стандардниот состав (Штербик, Чупиќ, Марсениќ…) актуелните европски шампиони и овој пат беа преголем залак за младиот состав на Металург. Но, „металурзи“ се потрудија да бидат достоен противник и да се „извадат“ за оној катастрофален пораз од плеј-офот.
Капитенот Стојанче Стоилов веќе е навикнат на тежината на престижниот пехар што му го врачи претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Но, вардарци без проблем во Битола ги испробаа „мускулите“ за оној уште потешкиот пехар што посакуваат повторно да го подигнат следниот викенд на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА