„Вардарци“ од синоќа во Сан Марино на финални подготовки за реваншот со Ла Фиорита

Вардаровите фудбалери од синоќа се во Сан Марино каде ќе бидат реализирани финалните подготовки за реванш-пресметката со Ла Фиорита во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

„Црвено-црната“ експедиција преку Болоња пристигна во Сан Марино, каде денеска ќе се одработи еден тренинг, а утре е закажан и официјалниот тренинг пред натпреварот во четврток.

На првиот натпревар во Скопје, Вардар славеше со убедливи 3-0, па се очекува македонскиот тим рутински да го заокружи својот пат кон второто квалификациско коло и пресметката со швајцарска Лозана.

Се вчитува...