Македонскиот шампион Вардар утрово замина кон норвешкиот град Трондхајм, каде што утре во 19 часот ќе го игра вториот натпревар во Групата „Л“ од Лигата на Европа, против Розенборг.
Според програмата, по денешното попладневно пристигнување во Норвешка, „вардарци“ од 18:30 часот ќе ја одржат и официјалната прес конференција, а за 19 часот закажан е и официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“ каде што ќе се одигра утрешниот натпревар.
Вардар во Трондхајм оди по првиот триумф во групната фаза од Лигата на Европа после поразот од Зенит во првото коло на натпреварот одигран во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА