Одбојкарите на Вардар прокнижија нови бодови на прволигашката табела откако денеска рутински славеа на дуелот против Лирија со резултат 3-0 во сетови. Фаворитската улога беше оправдана без мака, „црвено-црните“ доминираа од почеток до крај, не оставајќи им на гостите ниту ронка надеж за освојување на барем еден сет на оваа средба.
Почетокот мина во целосна контрола на „вардарци“, кои го добија стартниот сет со 25-14, а уште поимпресивно беше одигран вториот сет, во кој Вардар триумфираше со 25-10. Отпорот на гостите беше целосно скршен, триумфот беше осигуран, па во третиот сет на Лирија и беше дозволено да стигне до 21 освоен поен.
Вардар по пет одиграни натпревари има четири победи и еден пораз во новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА