Македонскиот фудбалски првак Вардар е повторно во погон, откако тренерот Гоце Седлоски од денеска ги има на собир своите фудбалери и ќе кова тактика за првиот меч против шведскиот првак Малме, кој се игра на 12 јули, со почеток во 19 часот. „Црвено-црните“ добија дводневен одмор по враќањето од летните подготовки во Австрија, каде и не покажаа завидна игра и успешни резултати. Загубија три натпревари и победија само еднаш. Но, сето тоа е во рамките на подготовките, а вистинскиот предизвик ќе следи наредниот вторник, кога македонскиот шампион ќе ја има првата пресметка против Малме во второто квалификациско коло од ЛШ.
Седлоски ќе треба да комбинира и со повредите, Бобан Николов предвреме беше вратен од подготовките, влечејќи ја повредата на прстот на ногата, што ја заработи на Европското првенство во Полска. Неизвесен е и Дарко Велковски, но има уште седум дена за да одработи квалитетно и медицинскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА