Сите одбојкари и членови на стручниот штаб на Одбојкарскиот Клуб Вардар се негативни на Covid-19, по извршеното тестирање во нашиот клуб во пресрет на почетокот од новата сезона, објави раководството на „црвено-црните“ на два дена пред стартот на шампионатот на одбојкарскиот шампионат на Македонија.
„Вардарци“ не ги кријат амбициите да атакуваат на двојната круна, предводени од долгогодишниот репрезентативец Јовица Симовски, но и со неколку млади и исклучително талентирани одбојкари во своите редови.
Новата сезона од македонскиот одбојкарски шампионат стартува викендов, а Вардар во првото коло му гостува на тимот на Штип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА