Вардаровата експедиција попладнево пристигна во Анталија, сместувајќи се во хотелот „Каја Палацо“ во областа Белек, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.
Според информациите од клубот, „црвено-црните“ вечерва ќе имаат полесен тренинг, а од утре стартуваат комплетните подготвителни активности. Шампионот во Анталија ќе помине три недели, каде ќе одигра и пет контролни натпревари. Првиот „тест“ натпревар е веќе во вторник против романскиот прволигаш Стеауа Букурешт.
Гоце Седлоски во Анталија на располагање ќе има 26 фудбалери. Стефан Спировски и Јасир Асани останаа во Скопје поради повреди. Двајцата играчи на Вардар ќе останат во Македонија се до нивна рехабилитација, а доколку оди според планираното, тие ќе треба да се приклучат на екипата во Анталија во вториот дел од подготовките.
ФОТО:www.fkvardar.mk
Списокот на фудбалери на Вардар на подготовките во Анталија:
ГОЛМАНИ: Томе Пачовски, Филип Гачевски, Игор Алексовски
ОДБРАНА: Горан Попов, Бобан Грнчаров, Благоја Љамчевски, Хофханес Хамбарџумјан (Ерменија), Евгениј Новак (Украина), Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Владица Брдаровски, Есмин Личина.
СРЕДЕН РЕД: Дамир Којашевиќ (Ц. Гора), Дарко Велковски, Никола Глигоров, Бобан Николов, Тигран Барсегјан (Ерменија), Хуан Фелипе (Бразил), Влатко Грозданоски, Џамбул Џигаури (Грузија), Филип Стојчевски, Виктор Димков.
НАПАД: Дејан Блажевски, Џонатан Боарето (Бразил), Петар Петковски, Бојан Колевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА