„Вардарци“ со кученца ги уплашија „лавовите“ за прва прволигашка победа по двеипол години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар, по двеипол години почувствува прволигашка победа, славејќи во 6. коло од сезоната 2023/24 против Македонија ЃП денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Избраниците на Александар Васоски сосема заслужено стигнаа до трите бода триумфирајќи со 2-1 во натпреварот кој почна на повеќе од интересен начин со прошетка на неколку кученца од страна на вардаровите фудбалери.

Вардар во договор со Здружението за заштита на животните „Лајка“ покрена акција со повик за вдомување на кучиња. Сето тоа денеска промовирано пред натпреварот со Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, па вардаровите фудбалери шетаа кучиња по терен како загревање за пресметката со „лавовите“. Здружението „Лајка“, пак, се вклучи во поддршка на најтрофејниот македонски клуб и акција за купување сезонски билети како дел од финансиската помош за ФК Вардар.

 

Се вчитува...