„Вардарци“ со прв тренинг во Сан Марино, една повреда го мачи Седлоски

ЕКИПА во Сан Марино,

Горан Бошев

Екипата на Вардар попладнево го одржа и првиот тренинг во Сан Марино, со што се интензивираа подготовките во пресрет на реваншот со Ла Фиорита од квалификациите за Лигата на Конференции.

Вардар имаше полесен тренинг како “згревање” пред утрешните обврски и официјалниот тренинг на стадионот во Сан Марино. Денешниот тренинг го одработија сите играчи кои му се на располагање на тренерот Гоце Седлоски Вардар има предност од 3-0 од првиот меч и е на добар пат да завери пласман во 2.квалификациско коло во Лигата на конференции и дуелите со Лозана.

За жал, тренингот пред самиот крај донесе и проблем, откако Михаил Талески се пожали на болка во коленото и мораше предвреме да се упати надвор од теренот.

Лекарските прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор и дали Талески ќе може да му биде на располагање на тренерот Седлоски за реваншот што е закажан за четврток.

Се вчитува...