Ракометарите на Вардар запишаа нова победа во последното, 22. коло, од Суперлигата на Македонија, триумфирајќи убедливо со 40-26 (19-11) против екипата на Струга.
Мечот почна со едноминутен молк во чест на жртвите во големата трагедија во Кочани, „вардарци“ се појавија и во специјални маички во спомен на сите настрадани, па на крај рутински славеа без поголеми проблеми.
Најдобри поединци кај Вардар беа бековите Хориха и Маргели со по седум гола, а Лазаревски и Родригез постигнаа по шест гола. Кај стружани се истакнаа Немања Џигероски и Александар Стојков,со по шест гола.
Сега Вардар чека расплет од натпреварот Алкалоид – Охрид. „Црвено-црните“ ќе бидат први пред плеј-офот ако Охрид не загуби во дуелот со избраниците на Кирил Лазаров.
Тиквеш, пак, триумфираше против екипата на Бисинов со 29-24 (14-15).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА