Одбојкарите на Вардар продолжија со добри игри во домашното првенство, бележејќи уште една убедлива победа, овојпат на гостувањето против Пробиштип со 0-3 во сетови. Избраниците на тренерот Трајковски немаа проблеми да ја претворат фаворитската улога во убедлив триумф, доминираа на теренот и не дозволија ниту еден од трите сета да биде доверен во прашање.
„Црвено-црните“ од самиот старт наметнаа темпо што домашните одбојкари не можеа да го следат, па рутински го добија првиот сет со 14-25. Доминацијата продолжи и во вториот и во третиот сет, што Вардар ги доби со идентични 15-25 за максимална победа на овој натпревар.
Победата во Пробиштип беше успешна најава пред претстојниот предизвик во европските купови. „Вардарци“ в недела патуваат за Словенија, каде на 15 и на 17 септември ќе ги играат двете средби од Челинџ-купот против екипата на Калцит Камник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА