Вардар е апсолутно супериорен на врвот по првите четири кола во регионалната СЕХА лига. Со четири победи по ред „црвено-црните“ ја демонстрираше својата доминација и супериорност во региопналното друштво.
Вардарци доминираат и во изборот на најдобрите за месец септември што го објави СЕХА лигата.
Во идеалниот тим на месецот се тројца ракометари на Вардар – Тимур Дибиров, Вуко Борозан и Иван Чупиќ, а Раул Гонзалес е прогласен за најуспешен тренер по првите четири кола.
Најдобрите седум во СЕХА за септември:
Голман: Урбан Лесјак (Целје)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)
Среден бек: Доминик Крок (Татран Прешов)
Десен бек: Бруно Буторац (Татран Прешов)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Пикер: Жарко Пешевски (Металург)
Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА