Ракометарите на Вардар 1961 ја запишаа и третата победа во 3. коло од Суперлигата на Македонија, триумфирајќи убедливо против Бутел со 36-18 (16-8).
Од самиот почеток на натпреварот беше јасно кој е кој на средбата и дека црвено-црните без проблеми ќе стигнат до нови бодови. До 10. минута Бутел одржуваше резултатска израмнетост, но по 6-6 Вардар почна резултатски да се одлепува за предност и од осум гола на полувремето.
Во второто полувреме иста приказна на теренот за конечна победа од 36-18.
Најефикасен кај Вардар беше репрезентативецот Дејан Манасков со 11 погодоци. Моралес запиша седум гола. На спротивната страна Јефтиќ заврши со 6 гола.
Вардар 1961 е на врвот од табелата во Суперлигата со три победи, пред Еурофарм Пелистер и Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА