Ракометарите на Вардар продолжуваат со пеколниот распоред на натпревари, па веднаш по враќањето од Полска ги очекува нов предивик, овојпат во СЕХА-лигата на домашен терен против Татран Прешов (20.45 часот, СЦ „Јане Сандански“. Целта е јасна – продолжување на серијата од три победи од стартот на регионалното натпреварување, иако Раул Гонзалес е свесен дека задачата нема да биде нималку лесна.
„Оваа сезона Татран игра добро, Словаците имаат добра одбрана. Тоа го видовме на претходните натпревари. Имаат свој квалитет. Ние сега се вративме од Полска од меч од ЛШ. Играчите се малку уморни, денеска ќе имаат одмор, па утре ќе знеме со кои играчи ќе играме. Мислам дека ние сме фаворити, но не треба да се опуштаме. Татран може секого да победи. Треба да играме добро во одбрана, ние сме на првото место на табелата и треба таму да останеме“ – изјави Раул Гонзалес, кој најверојатно ќе одмори неколку играчи за претстојниот натпревар од ЛШ против Нант.
Капитенот Стојанче Стоилов со оптимизам гледа кон новиот натпревар, порачувајќи дека „вардарци“ фаворитската улога ќе ја потврдат и на теренот.
„Сезоната се одвива како што очекувавме, три победи во СЕХА и едно во ЛШ. Се надевам така ќе продолжиме и против Татран. Тие покажаа дека знаат да бидат незгодни. Треба да покажеме зошто сме фаворити на теренот“ – истакна Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА