„Вардарци“ во снежна идила ги стартуваа зимските подготовки (ФОТО)

Вардаровите фудбалери на тренинг кампот во Хиподром денеска преку првата прозивка на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски и првиот одработен тренинг под снежни услови и официјално ги стартуваа зимските подготовки.

Вардар во пролетниот дел од првенството ќе стартува со амбиции за одбрана на минатогодишната титула, но и и освојување на Купот на Македонија.

vardar 1

Екипата ќе тренира во Скопје до 21. јануари кога е планирано заминување во Анталија, Турција каде што екипата ќе биде до 11 .февруари. Последните неколку дена пред почетокот на пролетниот дел ќе ги мине во Скопје. Вториот дел од сезоната почнува на 19 февруари со натпреварот против Шкупи на домашен терен.

На првиот собир присуствуваше и засега единственото засилување за продолжението од шампионатот, младинскиот репрезентативец Бесир Демири.

ФОТО:www.fkvardar.mk

Се вчитува...