Џејми Варди и на 38-годишна возраст продолжува да импресира со настапите на фудбалски терени. Англискиот голгетер стигна до бројката од 150 постигнати голови во петте најсилни европски натпреварувања, последниот гол запишувајќи го во ремито на Кремонезе и Калјари.
Тоа што го прави ова одбележување посебно е тоа што од нив 116 голови беа постигнати откако наполни 30 години. На оваа листа пред него е само Кристијано Ронадло.
Сепак португалскиот ас е далеку пред Англичанецот со неверојатни 290 голови постигнати по влезот во четвртата деценија од животот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

