Лестер со неделниот пораз од Ливерпул дефинитивно ги загуби сите шанси за опстанок, а легендарниот капитен Џејми Варди денеска испрати порака до навивачите, јавно извинувајќи се за серијата катастрофални изданија на „лисиците“ оваа сезона.
Мечот со Ливерпул беше деветти домашен дуел во низа на кој Лестер не успеа да постигне гол, најдобар можен доказ за фрустрирачката сезона на поранешниот првак на Англија.
„Не знам ни што треба да кажам… немам вистински зборови со кои би ги изразил бесот и тагата по завршувањето на оваа сезона. Немам изговор, колективно, како играчи и како клуб, не успеавме во тоа што го сакавме. Не сакам да се кријам зад некого, долго сум во Лестер, бев дел од многу растови и падови, оваа сезона беше бедна, целосна срамота. Ме боли, а знам дека ве боли и вас“, им порача Варди на фановите на Лестер.
Џејми Варди е член на Лестер од 2012 година, досега има одиграно 496 средби за овој тим, постигнувајќи 198 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА