Џејми Варди постигна уште еден погодок во Лигата на шампионите, но и тоа се покажа недоволно за Лестер да успее да го мине Атлетико Мадрид и да се пласира во полуфиналето од елитното европско натпреварување. Англискиот репрезентативец по вечерашниот реванш изрази жалење за пропуштените шанси во второто полувреме, во кое со малку среќа „лисиците“ можеа да му ги замрсат сметките на фаворитот од Шпанија.
„Второто полувреме го одигравме одлично, дадовме гол, а потоа создадовме и многу шанси за втор погодок. Сепак, не ни беше пишано да ја минеме оваа пречка во ЛШ. Секако дека сме разочарани, но исто така и горди на начинот на кој игравме во ЛШ сезонава. Си одиме дома со кренати глави“ – истакна Варди по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА