Варди не заборавил да дава голови за бод на Лестер против Тотенхем (ВИДЕО)

Комплетирано е првото коло од новата сезона во англиската Премиерлига. Вечерва на стадионот во Лестер, домашниот тим и Тотенхем одиграа нерешено 1-1.

Поро во 29. минута од средбата донесе предност за гостите. Тотенхем имаше повеќе од играта, поседот, шансите, меѓутоа не успеа да дојде до предност од 0-2.

Затоа следуваше казна на другата страна. Искуниот Џејми Варди во 58. минута од средбата успеа да донесе израмнување. Лестер во финишот дури имаше шанса и за пресврт, меѓутоа Викарио на крајот спасуваше.

Се вчитува...