Варди: Вишаи не беше само газда, тој беше еден од нас…

Фудбалерите на Лестер се уште се во шок по трагичната смрт на сопственикот  Вишаи Шривадханапрахба, во чија чест ќе се обидат да го добијат наредниот премиерлигашки дуел против Кардиф. Џејми Варди беше еден од оние кои важеа за најблиски до Вишаи Шривадханапрахба, откако тајландскиот милијардер го донесе во Лестер за сума од еден милион фунти од редовите на Флитвуд.

„Ова дефинитивно е најтешката седмица во нашите животи. Се враќав дома по натпреварот со сопругата и децата кога ми јавија што се случило. Веднаш звонев во клубот и кога никој не крена слушалка ми беше јасно дека е многу лошо. Сите сме во шок, во понеделникот дојдовме и не можевме да тренираме, ова е исклучително тежок период, но сакаме да играме против Кардиф и да победиме за нашиот газда. Луѓето кои не го познаваа треба да знаат дека тој не беше само претседател, тој беше еден од нас, еден од играчите во тимот, еден од нашето семејство. Секогаш имаше време за секој од нас, секогаш среќен и насмеан. Лестер како клуб е едно големо семејство, а главен „виновник“ за тоа е Вишаи“ – истакна Варди.

Се вчитува...