Тенисерот од Монако, Валентин Вашеро, денес ја освои титулата на Мастерс турнирот во Шангај, откако го победи својот братучед, 54-тиот рангиран играч во светот, Французинот Артур Риндеркнех, по три сета, со 4:6, 6:3, 6:3.
Вашеро победи по два часа и 12 минути и, како 204-ти рангиран играч во светот, стана најниско рангираниот играч кој освоил трофеј од Мастерс турнирот.
Риндеркнех направи брејк во третиот гем од првиот сет, ја задржа предност до крајот и поведе во мечот. Вашеро направи брејк во осмиот гем од вториот сет и откако го доби гемот на свој сервис, го доби третиот сет. Беше поубедлив во третиот сет, двапати направи брејк на сервисот на својот противник, и по втората меч-поен топка, ја освои првата АТП титула во кариерата.
Вашеро е првиот тенисер од Монако кој ја освоил титулата и третиот играч од квалификациите кој го освоил трофејот од Мастерс турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

