Партизан забележа нова победа во АБА лигата совладувајќи ја Крка на гостувањето во Словенија со 92-99 во супердраматичен натпревар во кој домаќините имаа предност од 11 поени во неколку наврати од средбата, но на крајот пресуди искуството на српскиот евролигаш кој во последната четвртина успеа да направи голем камбек.
Еден од најзаслужните за триумфот беше Дуејн Вашингтон, американскиот кошаркар од „црно-белите“ редови кој одигра монструозен натпревар и постигна 44 поени поставувајќи нов АБА рекорд.
Американецот реализираше 10 од 13-те обиди за три поени, четири од осум од обидите за два, а додаде и три асистенции и два скокови и тоа за само 25 минути поминати во игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

