Американскиот кошаркар на Партизан, Дуан Вашингтон се најде во несекојдневна ситуација на стартот на новата сезона откако потпиша за Партизан, но мораше да замине во НБА лигата бидејќи беше дел од трејд кој го прати Карл Ентони Таунс во Њујорк.
Вашингтон заврши во редовите на Шарлот па и настапи за оваа франшиза во подготовките за новата сезона, но доби отказ и се врати назад во Белград, нешто што и било планот на Американецот кој во разговор за српските медиуми изјави дека воопшто не го интересирала НБА, туку само Партизан.
„Лудило. Мислам дека никогаш во историјата не се случило некој да се врати и веднаш да си замине од НБА. Интересно е што бев дел од тоа, но мојот целосен фокус е на Партизан. Не можам да говорам многу за тоа, но целта ми беше да се вратам тука. Имам недовршена работа тука, да работам со овој фантастичен тим, за овие фанови, за Белград, за Србија.
Верувам во Жељко Обрадовиќ и целиот стручен штаб. Шансата да бидам тука и да учам од најдобриот тренер во Европа е неверојатна. Постојано го слушам што збори, ги следам неговите насоки и подготвен за мојот момент, кога и да дојде“, изјави Вашингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА