Вашингтон по доаѓањето во Партизан: „Обрадовиќ е тотално ‘луд’…“

Новиот кошаркар на Партизан, Двејн Вашингтон се огласи првпат по доаѓањето во редовите на црно-белите.

Вашингтон се очекува следната сезона да биде еден од главните играчи на Партизан, одлични работник на теренот и извонреден стрелец.

Во НЦАА играше за Охајо, а во НБА лигата беше член на Феникс, Индијана пејсерс и Њујорк Никс. Неговиот вујко е поранешниот одличен НБА играч а сега тренер, Дерек Фишер, а неговиот татко Двејн Вашингтон играше во бројни екипи во АЦБ лигата.

„Драго ми е што го добив мојот омилен број 4 во Партизан,кој има симболика за мене. Го носеле и мојот вујкот и мојот татко. Драго ми е што го добив тој број, но знам дека претходните години го носеше одличен кошаркар, и сакам да продолжам со таа традиција“ – вели Вашингтон и дополнува:

„Премногу сум возбуден што доаѓам во Партизан, многу дознав за навивачите и клубот и знам колку во Србија се сака кошарката. Прва работа која татко ми ми ја кажа откако му кажав дека потпишувам за Партизан беше дека тој играл против Жељко. Бев во шок. Имаа свои битки кога тој го водел Реал, а мојот татко играл за Мурсија. Ми зборуваше колку Обрадовиќ е посветен и позитивно ‘луд’, што луѓето го зборуваат и за мене. Подготвен сум да учам и да го впивам неговото знаење, кое е огромно“.

Се вчитува...