Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан, но…

Американскиот кошаркар Дуејн Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан по неделното отсуство поради шпекулациите дека има сипаници, нешто што се воспостави дека не е точно.

Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан, но сепак се очекува да не биде дел од следниот натпревар на „црно-белите“ во Евролигата во кој српскиот тим силите ќе си ги одмери со Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Без 24-годишникот Партизан забележа две евролигашки победи, и тоа на гостински терен совладувајќи ги Асвел и Олимпија Милано во двојното коло.

Се вчитува...