Првиот асистент во машката сениорска репрезентација на Македонија, Никола Василев е именува за нов тренер на литванскиот Џукија Алитус.
Василев, кој и досега беше дел од стручниот штаб на Џукија, сега за првпат го презема кормилото на тимот од најсилната лига во Литванија, заменувајќи ја на клупата легендата на литванската кошарка, Валдемарас Хомичус.
Василев веќе пет години работи во Литванија. Две сезони мина како помошен тренер во екипата на Литвос Ритас. По Вилнус, патот го одведе кон Алитус, каде најпрво му помагаше на Словенецот Андреј Урлеп, а потоа му асистираше и на Хомичус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА