Кратко траеше авантурата на Никола Василев во бугарската кошарка, откако македонскиот стратег мина само еден месец на клупата на Берое. Тој реши да го напушти кормилото на овој клуб и да се врати назад во Литванија, откако доби понуда од тимот на Мажеикаи и ја прифати.
Раководството на Берое не го криеше разочарувањето од разделбата од македонскиот стратег, кој имаше две победи и три порази на петте средби на кои го водеше тимот во бугарскиот шампионат.
„Кога мислиш дека си видел се, животот наоѓа начин да те изненади. Ја испочитувавме желбата на Никола Василев за поголем предизвик“, ја потврди Берое разделбата од македонскиот кошаркарски стручњак.
Никола Василев до пред неколку години беше тренер во литванскиот прволигаш Џукија. Овој стратег е и селектор на младинската репрезентација на Македонија, со која летово успеа да обезбеди влез во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА