Василев го напушти Работнички и потпиша за Струга ТЛ

Струга ТЛ доведе уште едно квалитетно засилување во обид со уште посилен тим да се носи со Вардар во трката за титулата во ПМФЛ.

Ново име во таборот на стружани од денеска е Васко Василев, 21-годишен чувар на мрежата кој воедно е и младински репрезентативец на Македонија. Тој доаѓа во Струга ТЛ од редовите на Работнички, откако претходно има настапувано и за младинските екипи на Црвена Звезда во Србија и на Рио Аве во Португалија.

Екипата на Струга ТЛ веќе ги почна подготовките и до 17 јануари ќе тренира во Струга, по што ќе замине на тренинг-камп во Анталија, каде ќе одигра четири контролни натпревари.

Стружани во првото коло по зимската пауза ги очекува дербито со шампионот Шкендија, меч закажан за 11 февруари.

Се вчитува...