Василев херој на „романтичарите“: Работнички ја елиминираше Брегалница преку пеналите (ФОТО)

И Работнички се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако дури по изведувањето на пеналите ја елиминираше штипска Брегалница во осминафиналната пресметка.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1-1. Асани во 13. минута донесе предност за „романтичарите“ но гостите на дуелот кој се играше во Автокоманда, израмнија во 49. минута со голот на Мандак.

А, херој во пенал-серијата беше голманот на Работнички, Василев кој со два убаво одбраните удари од белата точка на гостите, успеа да ги однесе „романтичарите“ до најдобрите осум екипи во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Претходно четвртфиналето во Купот на Македонија обезбедија и Силекс кој славеше со 1-2 против Башкими, Струга ТЛ која убедливо со 0-5 победи против Македонија ЃП, како и второлигашот Шкендија Арачинов кој со 1-0 го победи Пелистер.

Утре од 14 часот на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на ФФМ во Скопје играат Вардар и Новаци.

Се вчитува...