Василев и Џукија им се вратија на победите

По серијата од два пораза во низа Никола Василев и Џукија им се вратија на победите откако на домашен терен го совладаа составот на Шјауљај со 87-81. Клучна за победата на составот на македонскиот стратег беше втората четвртина која „зелените“ ја добија со 23-14. Гостинскиот состав успеа да се врати во натпреварот преку добрата игра во третата четвртина, но на крајот мирната рака на играчите на Џукија го реши дуелот.

Македонскиот стратег е блиску до изборување на опстанок со својот состав откако ја забележа шестата победа во првенството од 16 одиграни дуели. На дното на табелата се наоѓа денешниот противник кој има учинок од 5-14, но и три натпревари повеќе од Џукија.

 

Dramatiška Alytaus „Dzūkijos“ pergalė namuose ?

Posted by LKL – Lietuvos krepšinio lyga on Friday, February 12, 2021

Се вчитува...