Пролет продолжува со екипирањето на составот за новата сезона, во која скопскиот суперлигаш повторно ќе атакува на висок пласман и излез во ракометна Европа.
Ново име во редовите на Тинекс Пролет е Александар Василевски, кој по една година пауза се враќа назад во овој тим. Тој претходно неколку сезони со успех настапуваше за Пролет, минатото лето се пресели во новиот суперлигаш Скопје, за сега да се врати назад во Пролет. Со ангажманот на Василевски скопскиот тим дополнително ја засилува бековската линија, а во блиска иднина се очекува да биде решено и голманското прашање во екипата.
Пролет претходно го доведе и македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, а потпиша и нови договори со дел од клучните ракометари од последните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА