Василије Костов останува во Црвена звезда до 2028 година

Големиот талент на Црвена звезда, фудбалерот со македонско потекло Василије Костов го продолжи договорот со српскиот великан  до 2028 година.

Изминатиот период голем број од европската елита е заинтересирана за потписот Костов, а од Црвена звезда со овој договор се осигураа да земат колку е можно повеќе пари за негов трансфер.

„Впечатоците се одлични, голема чест ми е што го продолжив договорот со толку голем клуб. Новиот договор е само поттик да продолжам со уште подобри игри во наредниот период. Ми се допаѓа укажаната доверба, чувствувам дека луѓето од клубот и тренерскиот штаб веруваат во мене. Се надевам дека ќе ја оправдам таа доверба со игрите во остатокот од сезоната“, рече Василије Костов.

Се вчитува...