Василије Мициќ во изминатите десет дена смени три клуба во НБА лигата, а според последните информации конечно е слободен и наскоро треба да потпише договор со еден од многуте заинтересирани клубови од Евролигата.
Милвоки Бакс, клубот во кој српскиот репрезентативец пристигна во трампа со Шарлот, се согласиле да го откупат договорот.
Мициќ во последната сезона од тригодишниот договор имаше загарантирана плата од 8.109.150 долари, а пред да биде трејдуван во Шарлот, беше член на Феникс Санс.
Интерес за искусниот плејмејкер покажаа Хапеол Тел Авив, Олимпијакос, Монако, Фенербахче и Црвена звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

